Турски државјанин обвинет за фалсификување пасош | Правдико

Правдико

   

Турски државјанин обвинет за фалсификување пасош

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против државјанин на Турција за кривично дело  фалсификување исправа.

Обвинетиот вчера, во постапката за продолжување дозвола за привремен престој на странец, пред службите на Министерството за внатрешни работи употребил како вистинска преправена јавна исправа – турски пасош. Во патната исправа била извршена замена на оригиналната надворешна корица и на страницата со податоци.

Надлежниот јавен обвинител на Основниот кривичен суд му предложи да определи притвор, бидејќи постои опасност од бегство на обвинетиот кој е странски државјанин.​

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико