Турски државјанин обвинет за употреба на фалсификувана исправа
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против државјанин на Република Турција за кривично дело фалсификување исправа.
Обвинетиот, на 25 август, при поднесување на барањето за продолжување на дозволата за привремен престој во земјата по основ вработување, употребил преправена јавна исправа – турски пасош како вистинска. Во патната исправа била извршена преправка, така што биле заменети оригиналните страници со податоци и фотографија на обвинетиот.
Извор: Макфакс