Турскиот премиер Давутоглу поднесе оставка
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Турскиот премиер Ахмет Давутоглу поднесе оставка. На ова се гледа како на процедурален потег по неделните парламентарни избори.
Давутоглу ќе остане на функцијата се додека не биде формирана нова влада. Владејачката Партија на правдата и развојот на Давутоглу го загуби мнозинството во парламентот и сега е принудена да прави коалициска влада со некоја опозициска партија. Овој процес, според очекувањата, би можело да трае со недели.
Извор: Радио Слободна Европа