Турското обвинителство нареди апсење на 87 лица од Универзитетот во Истанбул | Правдико

Правдико

   

Турското обвинителство нареди апсење на 87 лица од Универзитетот во Истанбул

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

manar-05647840014695325794Турското обвинителство нареди апсење на 87 лица поврзани со Универзитетот во Истанбул, во рамките на истрагата која беше насочена кон следбениците на имамот Фетулах Ѓулен, кој беше обвинет од Анкара за организирање на неуспешниот воен удар во средината на јули, објавија турските медиуми.

Полицијата спроведе истовремени рации во 12 провинции, известува турската телевизија : “Си-Ен-Ен Турк”, додавајќи дека меѓу осомничените се шефви на помали политички партии и голем број универзитетски професори.
Во моментов околу 36.000 лица се во притвор во очекување на судењето, а 100.000 биле отпуштени или суспендирани во јавниот сектор, војската, судството и другите институции во контекст на истрагата за неуспешниот државен удар на 15 јули во кој загинаа повеќе од 240 луѓе .

Ѓулен, кој живее во егзил во Пенсилванија, ги отфрли обвинувањата на Анкара.

Препорачуваме

Партнери на Правдико