Турција: Британски новинари обвинети за помагање тероризам
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Турскиот суд подигна обвинение против двајца новинари од “Вајс Њуз” и нивните помошници за “помагање на терористичка организација” и донесе одлука за притвор до одржување на нивното судење.
Двајца британски новинари, дописникот Џејк Ханрахан и снимателот Филип Пендибери, беа уапсени во четвртокот, заедно со неговиот турски асистент за време на известувањето од градот Дијарбакир, најголемиот град со претежно курдско население во југоисточен дел на земјата, јави АП.
Официјален претставник на судот изјави дека судот во Дијарбакир донесе одлука за новинарите, за кои се уште не се знае која терористичка организација помагале, да останат во притвор.
Двајцата Британци и еден Турчин беа уапсени во четвртокот во селото Баглар, каде курдската младина често се судрува со турските безбедносни сили.
Во соопштението на “Вајс Њуз” се осудуваат “обидите на турската влада да ги замолчи нашите новинари чие известување од регионот е од клучно значење.”