Турција го ослободи од затвор германскиот дописник | Правдико

Правдико

   

Турција го ослободи од затвор германскиот дописник

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Германскиот дописник за весникот „Ди велт“, Дениз Јуџел, денеска е ослободен од затвор во Турција откако помина една година затворен поради обвинение за ширење пропаганда, соопштија германските власти, пренесе Би-би-си. Тој случај ја зголеми напнатоста во германско-турските односи.

Опозицијата и групи за човекови права го осудија апсењето на германскиот новинар нарекувајќи го чинот напад врз слободата на говорот, како и обид за заплашување на странските медиуми во земјата.

Дениз Јуџел (44) беше уапсен минатата година во Истанбул обвинет дека пишувал пропаганда за поддршка на тероризмот. Турција ги прогласи сепаратистичките милитанти во курдската заедница за терористи.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико