Турција ја затрупала Австрија со налози за апсење | Правдико

Правдико

   

Турција ја затрупала Австрија со налози за апсење

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Турција по неуспешниот воен пуч во земјата ги затрупала австриските власти со налози за апсење, тврди виенскиот неделник „Профил“.

turkish_flag_by_ljungh-d2xm4hr-860x680

Турските власти во Австрија интензивно трагаат по приврзаници на противникот на претседателот Реџеп Таип Ердоган, односно припадници на мрежата на свештеникот во егзил, Фетулах Ѓулен.

Министерството за правосудство на Австрија, како што се наведува, од 15 јули, кога успешно е задушен воениот пуч, се соочило со „масовен пораст на потраги на барање на турските власти“.

Станува збор за налози за апсење кои, преку Интерпол, се проследени до австриските власти.
Австриското министерство, сепак, не ја открива точната бројка на налози, а Сојузната криминалистичка служба укажува дека нема статистички материјали за тоа прашање.

Власта во Турција ја обвини мрежата на Ѓулен, кој живее во САД, за организирање на пучот.

Извор: Мета

Препорачуваме

Партнери на Правдико