Турција ќе апси 133 лица поради користење апликација за праќање кодирани пораки | Правдико

Правдико

   

Турција ќе апси 133 лица поради користење апликација за праќање кодирани пораки

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Турските власти издадоа налог за апсење на 133 лица вработени во министерствата за финансии и за социјални работи во рамки на пошироката акција против учесниците во неуспешниот пуч минатата година.

Осомничените се задржани во притвор бидејќи наводно ја користеле апликацијата за праќање кодирани пораки „Бајлок“, која турските власти тврдат дека ја употребувале луѓето на Фетулах Ѓулен, свештеникот кој живее во егзил во САД и кој турскиот претседател Ердоган го обвинува дека стои зад минатогодишниот пуч.

Од јули минатата година досега 150.000 лица се сменети или суспендирани од работните позиции во јавниот и во приватниот сектор, а повеќе од 50.000 се уапсени поради учество во пучот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико