Турција ќе ослободи 38 илјади затвореници за да направи простор за уапсените во пучот | Правдико

Правдико

   

Турција ќе ослободи 38 илјади затвореници за да направи простор за уапсените во пучот

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

ImageТурција во вторникот објавила декрет со кој ќе се отвори пат за условно ослободување на околу 38 илјади затворени, во намера да се намали затворската популација и да се обезбеди простор за оние кои беа уапсени во обидот за државен удар, јавува агенцијата АР.

Декретот содржи мерки кои вклучуваат ослободување на затворените кои имале добро однесување и имаат две години или пак помалку од отслужувањето на затворската казна. Тие меркие не се однесуваат на луѓето кои се осуди поради убиство, семејно насилство, сексуално злоставување или пак криминал против државата.

Турскиот министер за правда Бекир Боздаг на својот твитер профил објавил дека мерките ќе овозможат ослободувае на околу 38 илјади лица, додавајќи дека „не се работи нити за помилување, нити амнестија, туку условно ослободување на затворениците“. Турските власти приведоа околу 35 илјади лица поради вмешаност во обидот за државен удар на 15-ти јули.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико