Правдико

   

Турција ќе воведе хемиска кастрација за педофилите

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Турскиот министер за правда, Абдулхамит Ѓул, изјави дека тамошните власти сакаат да применат хемиска кастрација за педофилите.

„Судовите ќе одлучуваат за спроведувањето и траењето на хемиската кастрација со цел да се потисне или да се намали сексуалната желба“, изјави Ѓул.

Во земјата владее гнев откако еден 20-годишник минатата недела нападнал четиригодишното момче на свадба во провинцијата Адана. Обвинителството побарало 66 години затвор за напаѓачот.

Хемиска кастрација за сторители на сексуални злосторства веќе е воведена во Турција од јули 2016 година, но Државното собрание го спречи нејзиното спроведување бидејќи „дефиницијата за третманот и неговите граници не биле јасно дефинирани“.

Бројот на случаи на сексуална злоупотреба на деца во Турција се зголемил од 3.778 во 2006 година на 21.189 во 2016 година, според податоците на Министерството за правда. Речиси 60 проценти од осомничените во овие случаи биле осудени во 2016 година.

Во меѓувреме, турска организација за права на жените на „Твитер3 предупреди дека хемиското кастрирање е казна што е некомпатибилна со модерните закони и ги крши човековите права.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико