Турција најави меѓународна истрага за убиството на Кашоги
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Турција планира да покрене меѓународна истрага за убистото на саудискиот новинар Џамал Кашоги, изјави министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.
Кашоги, кој важеше за голем критичар на саудискиот престолонаследник, принцот Мохамед бин Салман, почна да пишува за „Вашинготн пост“ кога се пресели вол САД, а убиен беше во саудискиот конзулат во Истанбул на 2 октомври.
Турција претходно објави дека соработува со други земји во врска со овој случај и ја обвини Саудиска Арабија дека не учествува доволно во истрагата.
Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, рече дека одредени западни медиуми се обидуваат да го забошотат убиството на Кашоги и додаде дека Турција ги направила подготовките за покренување меѓународна истрага.
Саудискиот новинар, кој работеше како дописник за „Вашинготн пост“, на 2 октомври минатата година влезе во саудискиот конзулат во Истанбул со цел да ги подигне неопходните документи за неговата венчавка, но тој никогаш не излезе од конзулатот.
Турција го обвини Ријад за вмешаност во убиството на новинарот, Кашоги, но официјален Ријад ги демантираше ваквите тврдења.
Од досегашната истрага се уште останува непознато што се случило и каде е телото на убиениот новинар. Во дел од медиумите пред речиси еден месец беа објавени транскрипти од разговорите кои се воделе во конзулатот за време на убиството на Кашоги, и според тие информации кои не беа со сигурност потврдени неговото тело било распарчено на делови.
Извор: Макфакс