Турција нареди апсење на 85 вработени во министерства | Правдико

Правдико

   

Турција нареди апсење на 85 вработени во министерства

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Властите во Турција издадоа потерница за 85 вработени во Министерството за енергетика и во Министерството за образование, против кои е покренато обвинение поврзано со истрагата за мрежата на  проповедникот Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, а Анкара го посочува како организатор на неуспешниот обид за државен удар од јули 2016 година, пренесува Ројтерс повикувајќи се на извештај  на ЦНН Турк.

Во моментов нема дополнителни информации околу издадена потерница од страна на  властите. Таа доаѓа само ден откако судот  го затвори онлајн уредник на опозицискиот весник Ѓумхириет, кој исто така го чека судски процес поведен по обвинение за ширење терористичка пропаганда.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико