Турција одби да му го укине домашниот притвор на американскиот свештеник | Правдико

Правдико

   

Турција одби да му го укине домашниот притвор на американскиот свештеник

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Турскиот суд ја отфрли жалбата на американскиот свештеник Ендрју Бренсон во која бара укинување на домашниот притвор и на забраната да ја напушти територијата, објавија медиумите.

Според државната новинска агенција „Анадолија“, судот во Измир во средата ја отфрли жалбата што беше поднесена од свештеник истакнувајќи дека, сепак, друг суд ќе го разгледа неговото барање.

Адвокатот на Бренсон потврди дека друг суд во Измир ќе го разгледа барањето на неговиот клиент.

Ендрју Бренсон, по потекло од Северна Каролина, беше уапсен во октомври 2016 година, турските власти го обвинуваат за шпионажа и терористички активности.
По превентивниот притвор од една и пол година, тој од јули се наоѓа во домашен притвор и покрај постојаните апели од страна на претседателот на САД, Доналд Трамп, да биде ослободен и испратен во САД.

Белата куќа во вторникот објави дека Трамп е многу фрустриран што свештеникот не е ослободен.

Аферата предизвика дипломатска криза меѓу Анкара и Вашингтон, сојузник во НАТО, што доведе до пад на турската лира во последните денови и меѓусебно зголемување на царинските давачки.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико