Турција ослободи околу 34.000 затвореници поради меѓународна вознемиреност | Правдико

Правдико

   

Турција ослободи околу 34.000 затвореници поради меѓународна вознемиреност

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Околу 34.000 затвореници се ослободени со амнестија од турските затвори, пренесува турскиот министер за правда, Бекир Бождак.

02092016114249_web_turcija_puc

Оваа одлука се донесе по изразената загриженост на Европската Унија и Обединетите Нации по спроведената серија на чистки и остри мерки кон неистомислениците, како резултат на неуспешниот обид за пуч во Турција против претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Претходно премиерот на Турција, Бинали Јилдрим истакна дека преку 40.000 лица се уапсени по обидот за државен удар од 15 јули.

Помеѓу уапсените имаше и новинари и академици кои беа обвинети за поддржување на турскиот свештеник Фелтула Ѓулен, кој е обвинет како организатор на обидот за пуч на претседателот Ердоган.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико