Турција: Протести поради укинување на имунитетот на 138 пратеници | Правдико

Правдико

   

Турција: Протести поради укинување на имунитетот на 138 пратеници

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

turkish_flag_by_ljungh-d2xm4hr-860x680Илјадници луѓе протестираа денеска во Истанбул и Дијарбакир поради одлуката на парламентот за укинување на имунитетот на поединечни членови на турскиот парламент.

Протестите беа организирани од страна на прокурдската опозицискат Народна партија (ХДП).

Повеќе од 1.000 луѓе се собраа во Истанбул, и околу 3.000 во курдскиот град Дијарбекир.

Како што е наведено од страна на АП, демонстрациите во другите градови се забранети од страна на владата.

Минатиот месец, турскиот парламент ги одобри амандманите на уставот, кој го отвора патот за гонење на речиси 140 пратеници, претежно од ХДП.

“Во наредните денови ќе започне судењето. Ние не се плашиме да ни се суди, но наше право е да очекуваме дека ќе ни суди вистинска судска власт. Дали постои такво нешто? Не”, рече Селахатин Демиртас на протестот во Истанбул.

Демиртас тврди дека претседател Реџеп Таип Ердоган бара одмазда за изборната победа на ХДП во јуни минатата година, кога партијата обезбеди доволно гласови за влез во парламентот.

По одлуката на турскиот парламент за укинување на имунитетот на 138 пратеници, од кои речиси половина од прокурдската Партија, претставниците на ЕУ изјавија дека тоа е “причина за сериозна загриженост”.

Со тајно гласање, дури 373 пратеници во парламентот од 550, гласаа за уставниот амандман. Оваа висока поддршка во парламентот го избегна евентуалното одржување референдум за ова прашање.

Препорачуваме

Партнери на Правдико