Турција стави 700 германски компании на црната листа
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Турција им доставила на германските власти список со над 680 компании осомничени за поддршка на тероризам, јавија западни медиуми повикувајќи се на извор во службите за безбедност.
Бројката е речиси 10 пати поголема од првично соопштената од германски медиуми.
Германски „Цајт“ објави вчера дека на списокот се големи концерни како Дајмлер и БАСФ.
Весникот објави дека турската Влада му доставила на Берлин листа на физички лица и компании за кои Анкара смета дека го поддржуваат тероризмот и дека се поврзани со движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого турските власти го обвинуваат дека стои зад ланскиот обид за преврат во земјата.
Извор: Макфакс