Правдико

   

Турција уапси осомничен за терористичкиот напад во Рејханли

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Турските безбедносни сили уапсиле осомничен за нападот во 2013 година во областа Рејханли, во јужната турска провинција Хатај, објави во вторникот министерот за внатрешни работи на земјата, Сулејман Сојлу, пренесува „Анадолија“.

Во нападот  во Рејханли загинаа 53 лица. Тешко оштетени беа 912 објекти, 891 деловен простор и 148 возила.

Сојлу изјави дека е пронајден и уапсен терористот Ерџан Бајат, кој беше на листата на барани терористи и по него беше распишана потерница и награда од три милиони турски лири (400.000 долари).

Турскиот министер Сојлу додаде дека преку разговор со претставници на безбедносните сили, од 2016 година 768 лица ги напуштиле редовите на терористичката организација ПКК.

Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико