Турција: запленети 24 појаси за самоубиствени напади | Правдико

Правдико

   

Турција: запленети 24 појаси за самоубиствени напади

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во Турција се уапсени четворица осомничени членови на Исламската држава за која полицијата смета дека планира да спроведе “сензационални” напади, објави новинската агенција Анадолија.

Осомничените, чија националност не е утврдена, беа уапсени за време на операцијата во Газиантеп, во близина на границата со Сирија.

Запленети се 24 ленти за самоубиствен напад, натоварени со околу 150 килограми експлозив, две автоматски пушки и многу повеќе.

Во текот на минатата година Турција беше цел на серија напади кои се извршени од страна на припадниците на исламската држава или курдски милитанти.

Минатата недела, на 29 турски општини во голема полициска акција уапсени 750 луѓе за кои се верува дека се поврзани со исламската држава.

Препорачуваме

Партнери на Правдико