Правдико

   

Туск сведочеше за авионската несреќа во која загина Лех Качински

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, денеска, во Варшава сведочеше во рамките на истрагата за падот на авионот во Русија во 2010 година кога загина тогашниот претседател на Полска, Лех Качињски, и уште 95 лица.

 

Пред сведочењето пред полските обвинители, Туск, кој беше премиер на Полска во времето на несреќата, им рекол на новинарите дека не се сомнева оти е цел на своите непријатели во актуелната конзервативна популистичка влада“, пренесува АФП.

Лидерот на партијата Право и правда, Јарослав Качињски, рекол дека Туск има многу причини да се плаши, додавајќи дека истрагата за падот на авионот е една работа, но дека има уште многу други.
Качињски пред две недели во парламентот ја обвини поранешната Либерално-граѓанска партија на Туск дека е одговорна за несреќата кај Смоленск, во која загина неговиот брат близнак Лех.

Качињски веќе долго време тврди дека падот на авионот не бил несреќен случај и го обвинува Туск за морална одговорност за смртта на брат му.

Од друга страна, пак, руските и полските истражители утврдија дека грешката на пилотот, лошите временски услови и слабата контрола на воздушниот сообраќај се виновни за несреќата.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико