Тужените за неисплатеното леење на Ќосето не дојдоа на судењето | Правдико

Правдико

   

Тужените за неисплатеното леење на Ќосето не дојдоа на судењето

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

За 1 јуни е одложено судењето за тужбата на РЖ Институт против Здружението за духoвно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради.

На денешното судење не се појавија членовите на Здружението. Нив ги застапува адвокатката Виолета Дангова. Таа  достави до судот известување од Град Скопје и нова листа докази. На тоа се противеше адвокатот на РЖ Институт, кој побара судот да закаже термин за увид на споменикот на Ќосето во МЗТ Топилница.

На првото рочиште присуствуваше извршниот директор на РЖ Институт, Злате Коцевски.

Здружението од владата на Никола Груевски за период од четири години добило по 300 илјади денари годишно или вкупно 25.000 евра за сите години. Државата на ова здружение му додели и автомобил „ауди А4“, како и деловен простор во Трговскиот центар „Скопјанка“, кои по промена на власта му беа одземени.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико