TВ „Нова“ на Сеад Кочан официјално оди во стечај
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Телевизија „Нова“ на обвинетиот бизнисмен Сеад Кочан и официјално оди во стечај, објавено е денеска во дневниот печат. За стечаен управник е назначена Христина Јоновска од Скопје. Доверителите треба во рок од 15 дена да ги пријават побарувањата од стечајниот управник. Првото рочиште за испитување на побарувањата и извештаите од собранието на доверители ќе се одржи по судската ферија, на 28 септември.
43 вработени и поранешни вработени во Телевизија „Нова“ покренaa претстечајна постапка за неисплатени 7 плати, од октомври наваму. Телевизијата освен старата програма почна да емитува авторски емисии на водители кои беа блиски со ВМРО-ДПМНЕ.
Извор: Макфакс