„Твитер“ го прогласи денот на укинување на ропството за неработен ден | Правдико

Правдико

   

„Твитер“ го прогласи денот на укинување на ропството за неработен ден

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Главниот извршен директор и коосновач на „Твитер“, Џек Дорси, објави дека во иднина 19 јуни, денот кога се слави укинувањето на ропството во Соединетите Држави, ќе биде неработен ден за неговите две компании, „Твитер“ и „Сквер.

„Тој ден ќе го посветиме на славење, учење и поврзување“, додаде тој во објавата на „Твитер“.

Објавувањето доаѓа откако Соединетите Држави ги погоди бран од протести против расизмот и полициското насилство, по смртта на Џорџ Флојд, американски црнец, задавен од бел полицаец пред две недели.

На 19 јуни 1865 година, генералот Гордон Гранџер прочита проглас за ослободување на афроамериканските робови во Тексас, последната сојузна држава што го укина ропството по завршувањето на Граѓанската војна.

Препорачуваме

Партнери на Правдико