Твитер на суд за полова еднаквост
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.ВАШИНГТОН – Поранешниот вработен во социјалната мрежа Твитер во Соединетите Американски Држави, Тина Хуанг, започна судски процес против поранешниот работодавач, оптужувајќи го дека спроведува систем на унапредување што ги фаворизира мажите.
Хуанг, за онлајн изданието на францускиот весник “Либерасион,” тврди дека системот за унапредување во Твитер ги дискриминира жените и дека тоа не може да се оправда со било какви објективни причини.
Меѓу осумте главни менаџери на компанијата има само една жена, Мерџори Скадрино, која е сепак унапредена на раководна позиција само по контроверзите во врска со отсуството на мешана полова структура во водечки позиции на социјалната мрежа.
Извор: Танјуг