Твитер вети заштита на тајноста на личните податоци на корисниците во Турција
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Социјалната мрежа „Твитер“ денеска вети дека ќе ја заштити тајноста на личните податоци на своите корисници во Турција, откако турската Влада го блокираше пристапот до „Твитер“.
– Твитер е решен да ги заштити личните податоци на корисниците во Турција – нема да ја издадеме нивната доверба, се наведува во соопштението на социјалната мрежа, испратено на турски и англиски јазик.
Пораката доаѓа по шпекулациите дека турската Влада настојува од Твитер да добие информации за неговите корисници.
Турските власти го блокираа пристапот до Твитер врз основа на судски одлуки, кои предвидуваат укинување на твитови кои содржат определени линкови. Со тврдењето дека социјалната мрежа ги игнорирала барањата на турската Влада, властите воведоа привремена забрана на пристапот до Твитер.
Извор: 24 Вести