Правдико

   

„Тврдина“ останува кај Поп-Стефанија, Апелација ја одби жалбата на СЈО

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Апелацискиот суд Скопје ја одбил жалбата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на одлуката на претседателот на Кривичниот суд да не го прифати барањето за изземање на судијката Александра Поп-Стефанија од случајот „Тврдина“, соопштија денеска од судот.

apelacija

Второстепениот суд ја одбил жалбата на СЈО како неоснована и ја потврдил одлуката на Основниот суд Скопје 1.

„Постапувајќи по жалба на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) против решение на претседателот на Кривичниот суд, Апелацискиот суд Скопје денеска достави решение со кое жалбата на СЈО се одбива како неоснована, а решението на првостепениот суд за неприфаќање на барањето за изземање на судија на претходна постапка се потврдува“, стои во соопштението на судот.

СЈО побара изземање на судијката Поп-Стефанија на 23 јуни, додека траеше сослушувањето на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која е една од осомничените во случајот „Тврдина“. Четири дена подоцна Кривичниот суд соопшти дека барањето се одбива, а одлуката, како што соопштија оттаму, ја донел заменик-претседателот на судот Ивица Стефановски, бидејќи претседателот на Кривичниот суд Владимир Панчевски бил на одмор.

Специјалното обвинителство бараше изземање на судијката токму во случајот со Јанкулоска бидејќи поранешната министерка се води како вработена во владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, а вработен во разгранокот на владејачката партија во Неготино е и сопругот на Поп-Стефанија.

Барањето за изземање на судијката, исто така, следуваше откако судијката ги отфрли барањата на СЈО за притвор и за мерки на претпазливост за Горан Грујовски, Гордана Јанкулоска и за другите тројца осомничени и ја оспори надлежноста на Специјалното обвинителство за случајот „Тврдина“.

Извор: Мета

Партнери на Правдико