Уапсен албански државјанин на скопскиот аеродром со фалц италијански документи
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Изутринава во 2:45 часот на граничниот премин „Меѓународен Аеродром“- Скопје од полициски службеници бил лишен од слобода Р.T.(33) од Република Албанија, со фалсификувана италијанска лична карта.
При преглед на неговиот багаж била пронајдена албанска лична карта со исти податоци, а по извршен разговор пријавениот изјавил дека италијанската лична карта е фалсификувана и дека ја купил во Албанија.
Тој е предаден на полициски службеници од Одделение за прекуграничен криминал и миграции Скопје за понатамошна постапка, соопшти МВР.
Извор: Макфакс