Правдико

   

Уапсен дилер на хероин од Скопје

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

ARREST_2540291bСВР Скопје-Единицата за недозволена трговија со дрога, со кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје го предаде М.Ш.(43) од Скопје, поради основи на сомневање дека неовластено набавил поголема количина наркотична дрога хероин, која ја препакувал во помали паковки со вкупна нето маса од 27,25 грама, наменети за улична продажба на уживатели од Скопје.

За стореното кривично дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215, судија на претходна постапка на сега пријавениот му изрече мерка -задолжително двапати во неделата да се пријавува во надлежен Суд.

Пријавениот М.Ш., во засега неутврден временски период, набавил поголема количина на хероин, која ја препакувал во помали количини со намера да врши улична продажба на зависници од Скопје. Единицата за недозволена трговија, по добиеното сознание дека пријавениот препакуваната дрога почнал да ја продава на уживатели од Скопје, превзеде опсежни мерки и активности за потврдување на сознанието и обезбедување на материјални докази.

Од страна на полициски службеници по преземени оперативно тактички мерки и активности, на 28ми минатиот месец во вечерните часови, пријавениот бил забележан во близина на УКИМ, како во грмушки покрај напуштена куќа остава едно полиетиленско кесе. Веднаш, откако го оставил кесето, полициски службеници му извршиле легитимирање и личен претрес, при што кај М.Ш. се пронајдени три паковки со хероин, кои требало да ги продаде  на зависници од Скопје, по што бил приведен во полициска станица.

Партнери на Правдико