Уапсен директорот на Њукасл поради даночно затајување
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Британската полиција во средата влегла во просториите на англиските клубови Вест Хем и Њукасл, како дел од истрагата за наводно даночно затајување. Англиските медиуми објавија дека неколку лица биле уапсени.
Како што пренесе „Скај“, покрај редовните полициски службеници, на овој случај работеле и околу 180 специјални полицајци во Велика Британија и Франција. Во акцијата се уапсени неколку лица, меѓу кои и директорот на новиот премиерлигаш Њукасл, Ли Чарнли.
Во соопштението се наведува дека истражителите извршиле претрес во неколку објекти во североисточниот и југоисточниот дел од земјата, дека биле одземени деловни книги, финансиски извештаји, компјутери и мобилни телефони.
Извор: Макфакс