Уапсен Фејзи Азири обвинет во случајот „Монструм” | Правдико

Правдико

   

Уапсен Фејзи Азири обвинет во случајот „Монструм”

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Фејзи Азири, кој е еден од обвинетите во случајот „Монструм“, вчера бил пронајден и уапсен со правосилна судска пресуда за издржување шест години затворска казна поради нелегално поседување оружје, неофицијално дознава „Макфакс“ од извори од МВР.

Според информациите, Азири вечерта ја поминал на Клиниката за пулмологија, но сè уште не се знае колку е тешка неговата здравствена состојба. Вчера, неговата одбрана за време на рочиштето за „Монструм“ со документација го оправда отсуството по што тоа беше одложено.

На ова реагира обвинителката Фатиме Фетаи, но и одбраната. Од МВР велат дека во текот на денот ќе ги изнесат деталите за неговото апсење.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико