Уапсен главниот осомничен за обидот за тероризам во Црна Гора | Правдико

Правдико

   

Уапсен главниот осомничен за обидот за тероризам во Црна Гора

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Еден од организаторите на групата која е осомничена за подготвување на терористички напади во Црна Гора, Александар Сиѓелиќ, а кој беше недостапен за црногорските државни органи е уапсен и се наоѓа во затворот Спуж, кај Подгорица, објавија медиумите во оваа земја.

terorizam-crna-gora

Синѓелиќ, како што пишува „Вијести“, во затворот крај Подгорица завршил под сомнителни околности, додека „Дневне новине“ наведуваат дека тој во „најголема тајност“ бил уапсен пред два дена во Белград и дека во вечерните часови под специјални безбедносни мерки, со летало на црногорските државни органи бил пренесен во Подгорица.

„Вијести“, сепак, цитираат соговорник од Заводот за извршување на кривични санкции кој укажува дека „никој сеуште официјално не се огласил“ по повод апсењето и дека „најверојатно станува збор за договор помеѓу него и оние кои раководат со истрагата“.

„Да беше уапсен во Србија тој не би можел вака експресно да биде екстрадиран во Црна Гора, туку тој најверојатно дошол сам откако се договорил со своето признание да го „зацврсти“ доказите на обвинителството“, рекол соговорникот на „Вијести“.

Синѓелиќ, заедно со пензионираниот командант на српската Жандармерија, Братислав Дикиќ, се сомничи дека се обидел да изврши терористички напад во Црна Гора за време на изборниот ден на 16.октомври.

Тој до пред неколку денови бил недостапен за црногорските државни органи, а потоа се огласил преку порталот „Србија Данас“ и рекол дека не е во бегство и дека од 2002 година не бил во Црна Гора.

Според црногорските медиуми, по барање на обвинителството во Подгорица, тој бил сослушан во Белград.

Од 20-те државјани на Србија, кои беа уапсени на 16.октомври, 14 се во затворот во Подгорица, а шестмина се пуштени на слобода.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико