Уапсен извршниот директор на Фолксваген | Правдико

Правдико

   

Уапсен извршниот директор на Фолксваген

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Припадниците на ФБИ го уапсија извршниот директор на Фолксваген Оливер Смит заради измама во време на скандалот со лажирањето на тестовите на емисиите на штетни гасови.

folksvagen-877x420

Како што пишува New York Times, Смит беше на чело на канцеларијата на Фолксваген за регулаторната усогласеност во САД од 2014 година до март 2015 година.

Весникот наведува дека против Смит обвинение ќе биде поднесено во понеделник во Детроит, по апсењето овој викенд.

Со тоа кривичната истрага се префрла во „извршните кругови“.

Фолксваген во септември 2015 година се најде среде јавен скандал кога американската Агенција за заштита на човековата околина ја обвини германската компанија дека користи софтвер за да ги фалсификува резултатите од тестовите на емисиите на штетни гасови за автомобилите со дизел мотори.

Фолксваген призна дека во 11 милиони возила е вграден спорниот софтвер.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико