Уапсен косовски пратеник поради измама со визи
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Косовската полиција го уапси вчера некогашниот новинар и актуелен пратеник во косовскиот парламент од партијата Иницијатива за Косово, Миљаим Зека, поради сомнеж дека учествувал во измама со визи.
Нему му е одреден притвор од 48 часа.
Зека се товари за учество во криминална група и затајување на данок, а приштинскиот весник „Експрес“ потсетува дека косовскиот пратеник бил уапсен откако порталот „Инсајдери“ објавил текст за „скандалот со визите“.
– Деветстотини граѓани на Косово се обиделе да емигрираат во Германија со работни визи добиени во една агенција за вработување, која всушност била измамничката шема на пратеникот Миљаим Зека и неговиот соработник Илир Красниќи, пренесува „Експрес“.
Како што се наведува, подносителите на барањата наводно плаќале за виза од 50 до 3.500 евра. Красниќи, исто така, е приведен пред неколку дена.
Извор:Нова Македонија