Уапсен крадец од Зелениково, ограбил кафеана на Бит-пазар
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Четириесетгодишен маж е уапсен доцна синоќа на булеварот Крсте Петков Мисирков во Скопје откако претходно ограбил кафеана на Бит-пазар.
Приведен е Џ. И. (40) од с. Страхојадица, општина Зелениково, поради сомнение дека со употреба на сила влегол во угостителски објект на улицата Битпазарска, сопственост на Б. Б. (34) од Република Турција, а со живеалиште во Велес, и одзел техничка стока и пари. Во близина на местото биле пронајдени некои од предметите, а Џ. И. бил приведен во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик.
Извор: Макфакс