Уапсен малолетник од скопски Аеродром осомничен за три кражби | Правдико

Правдико

   

Уапсен малолетник од скопски Аеродром осомничен за три кражби

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Малолетник од скопски Аеродром е уапсен под сомнение дека извршил три кривични дела-кражба.

Според полицијата, на 06.09.2021 во 16.30 часот на подрачје на Аеродром од полициски службеници од СВР Скопје е лишен од слобода малолетник поради постоење основано сомнение дека сторил три кривични дела „кражба“ казниви по член 235 од Кривичен законик.

Со малолетникот е извршен разговор во присуство на родител, а пронајдените предмети се одземени.

За настанот, велат надлежните е известен и јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико