Уапсен напаѓачот на француските војници | Правдико

Правдико

   

Уапсен напаѓачот на француските војници

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Француската полиција го уапсила мажот кој е осомничен дека со автомобил налетал утрото на група војници кои џогирале во близина на базата во француските Алпи, објавија француските медиуми.

Осомничениот бил уапсен во близина на местото на нападот во Варс Алијер е Рисе, соопштила француската полиција на Твитер. Полицијата трагаше по возачот кој утрото возејќи покрај војниците ги навредувал на арапски јазик, заканувајќи им се со смрт, по што се обидел да ги прегази. Возачот побегнал, а во областа Изер се распоредни безбедносни сили, кои тргнале во потрага по него, пренесоа француските медиуми.

Инцидентот се случува неколку дена откако терорист на југот на Франција уби четири лица во супермаркет, наведе Ројтерс. Останува нејасно кој бил мотивот на напаѓачот, дали се работи за лична пресметка, терористички чин или нешто трето.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико