Уапсен напаѓачот со моторна пила во Швајцарија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.По 24-часовна потрага, швајцарската полиција го уапси Франц Врусис, човекот осомничен за нападот со моторна пила во Шафхаузен, кога беа повредени пет лица.
Како што е наведено, ова 51-годишно лице било уапсено во општина близу Цирих, 45 километри од местото каде што се случи нападот. Полицијата не открива повеќе детали за акцијата и најави дека повеќе ќе каже на утрешната прес-конференција.
Двајца повредени по нападот, кој се случи во понеделникот, сè уште се во опасност и лекарите даваат сè од себе да ги спасат.
Полицијата потсети дека уапсениот Врусис веќе бил осуден за напади со различни оружја во периодот 2014-2016.
Извор:Макфакс