Уапсен напаѓачот во ноќниот клуб во Истанбул | Правдико

Правдико

   

Уапсен напаѓачот во ноќниот клуб во Истанбул

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Мажот кој на новогодишната ноќ уби 39 луѓе во нападот во ноќниот клуб „Reina“ во истанбулскиот кварт Ортакеј, е уапсен во полициска операција во Истанбул во округот Есенјурт, пренесуваат во понеделникот ноќта турските медиуми.

Весникот Hurriyet, пишува дека мажот е уапсен во понеделникот вечерта заедно со неговиот син во квартот кој се наоѓа во европскиот дел на Истанбул. Весникот Daily Sabah, повикувајќи се на извори од истрагата наведува дека станува збор за државјанинот на Узбекистан, Абдулхадир Машарипов. Претходно весниците објавија дека неговото борбено име било Абу Мухамед Хорасан.

Џихадистичката групација Исламска држава ја презема одговорноста и за овој масакр во елитен ноќен клуб во Истанбул, како одмазда на Турција за нејзиното учество во борбата против оваа ултрарадикална организација во Сирија и во Ирак.

Напаѓачот ладнокрвно влегол во клубот на брегот на Босфор и според истрагата очигледно имајќи обука за вакво дејствување, усмрти за многу кусо време усмрти 27 странски и 12 турски државјани, а рани 65 луѓе.

Првично како напаѓач беше идентификуван жител на Киргистан, или Ујгур. Но турското разузнавање и антитерористичката полиција подоцна идентификуваа 34-годишен маж од Узбекистан кој припаѓа на централноазиската ќелија на Исламската држава.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико