Уапсен осомничениот за поставување на сомнителниот пакет во Лондон
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Деветнаесетгодишно момче е уапсено во Лондон поради сомнение за тероризам, односно поврзаност со сомнителниот пакет што вчера беше пронајден во воз во лондонското метро.
Полицијата го уништи пакетот, што беше пронајден во близина на арената „О2“, со контролирана експлозија. Претходно, станицата во Норт Гринвич беше евакуирана.
Осомничениот моментно е задржан во полициска станица, по апсењето во северен Лондон.
Извор: Нова Македонија