Уапсен озлогласен член на „Пинк Пантер“ од Црна Гора за кражба на дијаманти во Токио
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Шпанската полиција, во соработка со црногорската канцеларија на Интерпол, постапувајќи по меѓународна потерница, го уапси Радован Јелушиќ од Никшиќ, државјанин на Црна Гора. Јелушиќ се бараше за издржување казна затвор поради разбојништво извршено во Јапонија, каде што како член на групата „Пинк Пантер“ украде накит вреден 1,7 милион евра.
Како што соопшти црногорското Министерство за внатрешни работи, на Јелушиќ во 2015 година му е определена затворска казна од пет години и шест месеци.
Тој ја извршил разбојничката кражба на 14 јуни во 2007 година во златарницата „Екселко дајмонд“ во Токио.
Извор: Макфакс