Правдико

   

Уапсен поранешен шеф на полицијата во Перу поради трговија со бебиња

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Поранешниот шеф на полицијата во главниот град на Перу, Лима, Раул Бејкер, беше уапсен под обвинение дека бил вклучен во синџирот на трговија со бебиња во земјата, објавија официјалните претставници.

Обвинителството соопшти дека тој е еден од 15-те осомничени за продажба на бебиња и деца, кои им биле одзимани на сиромашните жени во земјата, објави АП.

Меѓу уапсените во индустрискиот град Арекипа, кој се наоѓа на околу 900 километри од Лима, има и гинеколози и педијатри.

Според полицискиот генерал Волтер Ортица, водачот на синџирот на трговијата со бебиња и деца е Синти Тејо, партнерка на поранешниот шеф на полицијата.

Во текот на полициската акција, покрај апсењето и претресот извршен во 18 куќи, исто така беше спасено и едно петмесечно бебе.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико