Правдико

   

Уапсен пратеникот на „Златна зора“ кој повика на воен удар

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Пратеникот на грчката ултрадесничарска партија „Златна Зора“, Константинос Барбарусис бил уапсен утрово во Атина, во домот на негови пријатели.

Како што јавуваат грчките медиуми, пратеникот е приведен од страна на антитерористичките полициски сили.

 Десничарот беше во бегство од петокот, по поднесувањето на обвинението за велепредавство од страна на обвинителството.

Барбарусис, говорејќи од парламентот, за време на дебата за изгласување недоверба на грчката влада, пред три дена,  ја повика војската да ги уапси Ципрас, Каменос и Павлопулос, по што неговата партија беше отстранета од расправата.

И покрај тоа што членовите на пратеничката група на Златна зора, со аплауз го поздравија говорот на Барбарусис, веројатно за да избегнат дополнителни прекршувања на законите, кусо подоцна тој беше избришан од партијата.

Во Грција се уште трае процесот против Златна зора.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико