Уапсен руски бизнисмен осомничен дека ја финансирал Исламската држава | Правдико

Правдико

   

Уапсен руски бизнисмен осомничен дека ја финансирал Исламската држава

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Руските власти го уапсиле Шамил Нурмагомедов, шеф на продажба на една компанија во регионот на Москва, под сомнение дека ја финансирал Исламската држава, јавува агенцијата TASS цитирајќи судски извор.

„Судот го исполни барањето на истражителите и го уапси Нурмагомедов,“ наведува изворот.

Против Нурмангомедов е покренато обвинение по член 205.1.1 на рускиот Кривичен закон кој се однесува на помагање терористички активности, а кривичниот случај бил инициран на 16 јануари.

Според податоците на истаржната комисија, Нурмагомедов, роден во Дагестан, ја финансирал Ислмаската држава и им давал финансиска помош на членови на илегални групи кога купувале карти за Турција.

По доаѓањето во Турција тие илегално ја преминувале сириската граница, пренесува TASS.

Нурмагомедов работел во фирмата Експострој, која се занимава со дизајн и производство на изложбени штандови, во градот Красногорс, во регионот на Москва.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико