Уапсен руски хакер во Шпанија по барање на САД за сајбер-нападите | Правдико

Правдико

   

Уапсен руски хакер во Шпанија по барање на САД за сајбер-нападите

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Врз основа на меѓународна потерница, руски програмер познат како Пјотр Левашов е уапсен во Барселона под сомневање дека бил вмешан во сајбер-нападите за време на претседателските кампањи во САД.

Портпаролот на руската амбасада во Шпанија, како што пишува Ројтерс, одбил да открие повеќе детали, а за коментар не биле достапни ниту полицијата, ниту Министерството за внатрешни работи на Шпанија.

Во јануари годинава шпанската полиција уапси уште еден руски програмер под прекарот „Лисов“, за кој САД исто така имаа издадено меѓународна потерница.

Американската влада под раководство на Барак Обама ја обвини Русија дека ги хакирала мејловите на членовите на Демократската партија, за да му помогне на кандидатот на републиканците Доналд Трамп, што беше демантирано и од Русија и од актуелниот американски претседател.

Извор: НоваТВ

Препорачуваме

Партнери на Правдико