Уапсен руски хакер за кибернетички напади во САД | Правдико

Правдико

   

Уапсен руски хакер за кибернетички напади во САД

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

25022015174941_cyber-attack-hackerЧешката полиција, во соработка со американското федерално биро за истраги (ФБИ), соопшти дека во Прага е уапсен руски државјанин, кој наводно учествувал во кибернетички напади врз цели во САД.

– Чешката полиција уште еднаш спроведе успешна заедничка акција со ФБИ. Целта овој пат беше руски државјанин осомничен за хакерски напади на цели во САД – се наведува во соопштението на чешката полиција во кое се додава дека ова лице било уапсено благодарение на брзата размена на информации.

Според полицијата, уапсениот пристигнал во Чешка со лимузина и престојувал заедно со своја пријателка. Тој бил уапсен во еден од хотелите, но при апсењето ја загубил свеста и веднаш бил хоспитализиран.

Како што пишуваат медиумите, сѐ уште не е наведено дали е обвинет за неодамнешните хакерски напади врз серверите на Демократската партија на САД и на нејзините функционери и други институции или, пак, за упади во системите на други американски институции.

Чешките власти наскоро ќе почнат со процедурата за негово екстрадирање во САД, пишува во соопштението.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико