Уапсен сопственик на кафуле заради навреда на Ердоган | Правдико

Правдико

   

Уапсен сопственик на кафуле заради навреда на Ердоган

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Сопственик на кафуле сместено во просториите на турскиот опозициски весник „Кумхуриет“, е уапсен бидејќи рекол оти не би го послужил со чај турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, пишува во вторник ББЦ.

kafule

Сенол Буран, шеф на кафулето, обвинет е за навреда на претседателот, што тој негира, рече неговиот адвокат.

Турските власти масовно ги прогонуваат противниците по пропаднатиот пуч во јули.

Вработените во „Кумхуриет“ се меѓу десетиците илјади кои од тогаш се уапсени или останале без работа.

Овој весник е еден од ретките чија позиција е против Ердоган.

Буран на 24 декември одел на работа, кога наишол на блокиран пат во делот на градот каде што Ердоган требало да одржи говор.

„На тој човек ни чај не би му послужил“, им рекол Буран на полицајците.

Судијата во Истанбул му одредил притвор додека чека судење. За навреда на претседателот може да добие до четири години затвор.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико