Уапсен Србин во Грција, со чекан нападнал такси-возач | Правдико

Правдико

   

Уапсен Србин во Грција, со чекан нападнал такси-возач

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Турист од Србија, по кавга, која најверојатно настанала за паркинг-место со такси-возач од Грција, зел чекан и го нападнал возачот.

По инцидентот што се случил во грчко одморалиште во Кавала, српскиот државјанин, кој најверојатно бил на одмор во Грција, се обидел да избега.

Како што пишуваат грчките медиуми, мажот од Србија, заедно со своето семејство, се обидел автомобилот да го паркира во близина на такси-станица по што добил предупредување од таксист дека местото е наменето само за такси-возила и дека тој не може да го паркира својот автомобил таму.

По кратката вербална расправија, Србинот, според грчките медиуми, влегол во својот автомобилот и се препаркирал во близина, а потоа отишол во блиската продавница за алати, каде што го купил чеканот. Набргу се вратил кај таксистот и со чеканот што го купил, според информациите во медиумите, го удрил такси-возачот по рацете, а потоа го извлекол од автомобилот.

Откако сфатил што направил, се обидел да избега, но не успеал бидејќи другите такси-возачи, кои за време на инцидентот се нашле на местото, успеале да го задржат додека не пристигне полицијата. Полицијата го уапсила и во овој момент грчката полиција работи на расчистување на случајот, а приведениот Србин се наоѓа во полициската станица.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико