Уапсен стружанец кој крадел за време на полициски час
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Струшката полиција поднесе кривична пријава против 31-годишник од овој град под сомнение дека сторил кривични дела тешка кражба и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.
Како што информираат од МВР, во неделата, 29 март, за време на полицискиот час во 16.35 часот, при контрола за спроведување на мерките за ограничено движење поради коронавирусот, полицијатa го затекнала пријавениот на улицата Боро Хаџиески – Путе во Струга.
По дополнително преземени активности, констатирано е дека тој, претходниот ден, односно 28 март (сабота), извршил тешка кражба во основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга, од каде што, по насилното влегување, одзел повеќе видови електрични машини и апарати.
Извор: Макфакс