Правдико

   

Уапсен третиот осомничен на нападите во Брисел

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

belgiska-policijaТретиот осомничен за нападите на бриселскиот аеродром, Најим Лачрау, наводно е уапсен во бриселската општина Андерлехт, јавува белгискиот весник „Дерниере хуре“, повикувајќи се на полициски извори.

Лачрау, кој е роден на 18 мај 1991 година, е жител на белгиската општина Шаербик, која е дел од бриселскиот регион.

Белгиското министерство за здравство соопшти дека во вчерашните напади, за кои одговорноста ја презеде Исламска држава, загинале 31 лицe, а 26 се повредени. Дел од повредените се држат во вештачки предизвикана кома, додека други се на интензивна нега и имаат сериозни повредни.
Според податоците на белгиските служби, во нападите во Брисел се убиени и повредени лица од 40 различни држави.

Полицијата синоќа ги идентификуваше бомбашите самоубиjци од бриселскиот аеродром. Станува збор за браќата Ел Баркау, кои од претходно ѝ се познати на полицијата.

Извор: МЕТА.mk

Партнери на Правдико