Уапсен унгарскиот опозиционер кој ја пресече жичаната ограда на границата со Србија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Унгарската полиција го уапси опозиционерот член на Демократската коалиција Какуко, кој демонстративно ја пресече бодликавата жица поставена неодамна на унгарско-српската граница, соопшти новинската агенција МТИ.
Жичаната ограда демонстративно ја пресече унгарскиот опозиционер и српска новинарка во близина на Роска во јужниот дел на Унгарија, каде пред сечењето на оградата Какук, одржа заедничка прес-конференција со Милица Манчиќ Стојковиќ, пренесува Танјуг.
Според него, поставувањето на оградата е бесмислено и не придонесе да се намали бројот на бегалци кои доаѓаат во Унгарија.
Во исто време, тоа е спротивно на основните принципи на Европската унија и на борбата против криумчарењето на луѓе. ” оградата служи како изговор за на бегалците да им наплаќаат високи цени за влез во Шенген зоната”, рече Какук.
Унгарската полиција соопшти дека со сечењето на жичаната ограда, Какук извршил кривично дело против државниот имот, за што унгарскиот политичар се изјаснил за виновен.
Акцијата беше организирана од страна на новинарот и книжевен преведувач од Белград, Милица Манчиќ Стојковиќ и новинарот и политичар од Будимпешта Ѓорѓи Какук, авторот на проектот “Балканската маршута”.