Уапсен жител на Липково, сакал илегално да ја премине границата, а е баран за издржување казна затвор | Правдико

Правдико

   

Уапсен жител на Липково, сакал илегално да ја премине границата, а е баран за издржување казна затвор

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Вчера, во 21 часот, во близина на граничната линија со Косово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Белановце го лишиле од слобода А. С. (33) од с. Гошинце, општина Липково, кој управувал патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки затоа што се обидел илегално да ја премине државната граница.

По извршената проверка, било констатирано дека А. С. се бара по наредба од Основниот суд Скопје 1 за издржување казна затвор за сторено кривично дело нелојална конкуренција во работи на надворешно-трговскиот промет, казниво по член 284 од Кривичниот законик.

Лицето им е предадено на полициски службеници од Полициската станица Куманово за понатамошна постапка.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико